
музичко-сценски спектакл за деца и млади



Според бајката на Ханс Кристијан Андерсен и истоимениот Дизниев цртан филм Малата сирена.
Ова е приказна за една голема и вистинска љубов, за патот на израстувањето и созревањето, морските длабочини и светот во нив.
Ова е приказна за малата сирена Ариел
Режија: Кире Миладиноски
Текст: Џон Маска и Рон Клемент
Превод: Благојче Николоски
Драматизација и адаптација на македонски: Кире Миладиноски
Сценографија и сонгови: Кире Миладиноски
Музика: Алан Менкен и Томе Темелкоски
Дизајн на сценографија и рекламен материјал: Саша Нацевски
Костимографија, кореографија и кукли: Кире Миладиноски
Светло дизајн: Бобан Смилкоски
Тон мајстор: Томе Темелкоски
Заварувач/декоратер: Јордан Миладиноски
Играат: Матеја Грујоска, Бисера Гаралоска, Кристина Миноска, Теодора Велкоска, Марта Шаркоска, Анастасија Митревска, Елена Џајковска, Михаил Јорданоски.
Гласовите ги позајмија: Томе Темелкоски, Лилјана Јованоска, Саша Нацевски, Марија Костоска, Благојче Николоски и Кире
Со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и
Општина Прилеп
М




Најголемиот предизвик во подготовките и адаптацијата на цртаниот филм Малата сирена од Дизни за сценска изведба не е само технички, но и комичен пред се во намерата да се најде начин да се репродуцира извонредниот магичен вокален лик на Ракот Себастјан во изведба на Семјуел Врајт, а воедно и збогатувањето на македонскиот фонд на адаптирани дела од светската драматургија надополнети со македонски сонгови кои дополнително го збогатуваат овој вид на музичко-сценско дело.
Формулата на Дизни е позната како и секогаш: малата и убава сирена Ариел има прекрасен глас и живее на дното од океанот но има авантуристички дух и претпочита да истражува.
Противејќи се на својот татко кралот Трајтон и прекршувајќи ја забраната за посета на површината на водата, малата тинејџерка се заљубува во прекрасниот принц Ерик. Желбата да се биде со него, да танцува и прави се тоа што прават луѓето е преголема па го дава во залог својот прекрасен глас во замена за нозе кај морската вештерка Урсула.
Љубовната приказна помеѓу Ариел и Ерик е проткаена со безброј случки, емоции и убави певливи сонгови на македонски јазик, од вообичаената Дизниева практика, убави разиграни кореографии и мизасценски решенија, колоритни костими, кои се уредно спакувани пополнувајќи ги сите дупчиња во една детска магична сложувалка












