top of page

Тим

КИРЕ МИЛАДИНОСКИ

Часовите по современо танцување и модерни техники вклучувајќи поддршки, партнерство, работа со реквизити и сл. ги води Кире Миладиноски. Истите покрај вообичаеното загревање, истегнување вклучуваат и креативно движење и работи во групи употреба на глас и др.

БИСЕРА ГАРАЛОСКА и

МАРТА ШАРКОСКА

Часовите по креативен танц, barre вежбите и модерните техники ги водат младите Бисера Гаралоска и Марта Шаркоска. Часовите се организирани да дадат базична основа и збогатување на вокабуларот со стручните називи на основните движења и држење на телото со што се подготвува телото за поголема флексибилност и координација помеѓу екстремитетите.

Часовите по хип-хоп, уличен и естраден танц наменети се за сите возрасти со што се овозможува раздвижување и на заборавени делови од телото, правилна координација и синхронизација во група, а воедно и зголемување на личната кондициска способност и адреналин.

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Благојче Николоски, Лилјана Јованоска, Дамјан Трајкоски

bottom of page