top of page

Кире Миладиноски танцовото студио Зодијак, веќе дваесет и пет години успешно работи како една од активностите на Националната установа центарот за култура - Марко Цепенков во Прилеп. Во овој период на своето делување низ многубројните отворени часови, работилници, семинари поминале повеќе од 1.500 заинтересирани практиканти.

Зодијак е еден од носителите на современата и модерна танц сцена во Република Македонија и низа години наназад преку сопственото учество во најразлични проекти, работилници, семинари и фестивали во земјава и странство се докажа и издвои од останатите по сопствениот квалитет и градејќи го препознатливиот стил стана еден од културните амбасадори на нашата земја. Веќе осумнаесет години успешно работи со деца, млади и возрасни со можност за рекреативно или професионално определување. Педагошкиот момент е значаен за време на подготовките за јавни настапи кај учениците - учесници всадува љубов кон оваа уметност и ја потврдува тезата дека трудот и работата секогаш даваат соодветни резултати што потврдува и масовноста, квалитетот и трофејноста како во Републиката така и надвор од неа. Поради овие карактеристики претставува центар од каде излегуваат квалитетни кадри.

Кире Миладиноски танцовото студио Зодијак се стреми да ја оправда довербата, а истовремено да даде допринос во подигањето на млада и здрава популација и истата да ја насочи кон позитивните вредности на животот. 

bottom of page